Тотенхем израмни рекорд стар 91 година, на Тудор му се заканува отказ по само еден месец

Тотенхем со поразот од 0-3 на домашен терен од Нотингем Форест дојде чекор поблиску до испаѓање од Премиер лигата, а на Игор Тудор по само еден месец на клупата на Спарси му се заканува отказ.

Хрватот првиот меч го имаше пред точно еден месец, на 22-ри февруари, а од тогаш во Премиер лигата доживеа четири порази и само еднаш играше нерешено. Тотенхем во овој период беше елиминиран и од Лигата на шампионите со победа и пораз против Атлетико Мадрид.

Сепак, кризата во Тотенхем започна на први јануари годинава, а од тогаш немаат победа на вкупно 13 првенствени натпревари. Ова е израмнување на негативниот рекорд од 1935 година, кога Спарси последен пат имаат ваква катастрофална низа.

Во календарската 2026 година Тотенхем има само три победи и сите во натпревари од Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести