Тотенхем и Пари Сен Жермен постигнаа договор околу тоа Рандал Коло Муани да го облече дресот на лондончани, но само на позајмица. Во договорот нема опција за откуп следното лето.
Французинот веќе се договорил за личните услови и е на пат кон Лондон за да ги мине медицинските прегледи.
Долго време Јувентус се обидуваше да го задржи напаѓачот, кој минатата сезона настапуваше за Старата дама како позајмен играч. Во трката се споменуваа и Манчестер јунајтед, Челзи, Њукасл, а денеска и Астон вила се обиде да стигне до одличниот напаѓач.
Интересен е моментот дека Коло Муани би можело многу брзо да се врати на „Паркот на принцовите“ бидејќи на 26 ноември Тотенхем гостува кај ПСЖ во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.