Љорис, Дејвис, Кејн, Алдервеирелд, Вертонген, сега и Хери Винкс. Сите овие фудбалери барем по еднаш ја носеа капитенската лента на почетокот на натпреварите на Тотенхем сезонава. Ова е само доказ дека клубот ги има испуштено конците, па не треба да чудат поразите како овој денешниот од Вулверхемптон од 2-3.
Тимот на Мурињо водеше со 2-1 по првото полувреме, но на крај се радуваа гостите.
Вулверхемптон има серија од 9 меча по ред без пораз на гостувањата во Лондон. Волците на дури 18 меча сезонава први примија гол и губеа со 0-1, но дури 12 пати се спасија од пораз и правеа делумен или целосен пресврт.
На Евертон во 92 минута му беше поништен гол. Во минатата сезона Јунајтед на „Гудисон парк“ загуби со 0-4, па овие 1-1 им се успех. Во финишот, Де Геа и Пикфорд имаа по една супер одбрана и се извадија за примените погодоци. Домашните поведоа после големата грешка на голманот Де Геа, кој доби „банана“ од Калверт Луин и топката влезе во гол. Калверт Луин е најефикасен играч во премиерлигата од Божик наваму, откако Анчелоти седна на клупата на Карамелите.