Тотенхем ја одби понудата на Баерн за Кејн, но Баварците не се откажуваат

Како и што се очекуваше од претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, тој експресно ја одби понудата на Баерн од 70 милиони евра за Хари Кејн.

Но, Кејн е приоритет на Баварците и тие ќе продолжат со преговорите околу личните услови, и ќе испратат нова понуда за англискиот напаѓач од кого имаат усно одобрување. Лично тренерот Томас Тухел разговарал со ѕвездата на Тотенхем, и Кејн потврдил дека вратата за трансфер е отворена.

Леви е познат како тежок преговарач кој не попушта во барањата, па во Баерн не треба да се надеваат дека ќе го купат Кејн за помалку од 100 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести