20.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Тотенхем ја почна сезоната со голема победа, а се наоѓа само на десетто место на табелата

Тотенхем го победи Манчестер сити со 1-0 и покажа дека и без Хари Кејн кој сака да си замине и да прејде токму во Сити, има добар тим кој може да им направи проблеми на сите противници.

Кореецот Сон Хеунг-мин беше стрелец на голот. Така, Сон продолжи да дава гол на секој домашен меч против Граѓаните на новиот стадион.

Сити од февруари 2020 наваму немаше загубено меч на кој имал нерешено на полувреме, но денеска се смени тоа. И претходниот пат истото им се случи против Тотенхем. Последен пат кога Сити не даде гол во првото коло беше пред 11 сезони, истотака против Тотенхем.

Со овој меч, се комплетираше првото коло во англиската Премиерлига, а интересно е што на сите десет меча имаше победник. Вистинска реткост е во коло да нема ниту еден нерешен резултат, и тоа придонесе Тотенхем и покрај победата, после првото коло да биде дури десетти на табелата.

- Оглас -

Најнови вести