Тотенхем им забрани пристап на стадион на 48-мина навивачи кои нелегално препродавале билети за дуелот против Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите. Билетите биле препродадени на гостински фанови кои допатувале од Белград да го гледаат мечот, иако српскиот првак има забрана од УЕФА за присуство на нивни навивачи на гостински натпревари.
Повеќе од 200 поддржувачи на Ц. ѕвезда биле на стадионот во Лондон, а истрагата покажала дека користеле препродадени билети од официјалната фан-база на Петлите.