32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Тотенхем ќе го продаде Сон, но ќе почека до август за трансферот

Постои голема веројатност ова лето Тотенхем да се раздели со својата ѕвезда Хеунг-мин Сон бидејќи клубови од Саудиска Арабија повторно покажаа интерес за искусниот напаѓач. Сепак, Тотенхем нема да донесе конечна одлука пред да заврши нивната претсезонска турнеја во Азија.

Причината за ваквиот пристап е јасна, Сон е огромна атракција за азиската публика, а клубот не сака да се соочи со комерцијални проблеми и незадоволство од организаторите. Особено се очекува огромен интерес за натпреварите против Арсенал на 31 јули во Хонгконг и против Њукасл три дена подоцна во Сеул, каде што токму присуството на корејската ѕвезда е главниот маркетиншки адут.

Во меѓувреме, новиот менаџер на Тотенхем, Томас Франк, веќе подготвува промени во составот. Тој сака да донесе свежина на крилните позиции, а во неговиот фокус се Брајан Мбеумо од Брентфорд и Антоан Семењо од Борнмут. Исто така, младата ѕвезда Матис Тел веќе е официјално ново засилување на клубот.

Хеонг-мин Сон има статус на клупска легенда во Тотенхем. Од 2015 година досега тој одигра 454 натпревари и постигна 173 гола во сите натпреварувања, бројки што го ставаат меѓу најдобрите во историјата на клубот.

- Оглас -

Најнови вести