26.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Тотенхем ќе го замени Постекоглу со менаџерот на Брентфорд?

Раковoдството на Тотенхем е на чекор до одлука да ја прекине соработката со менаџерот Анге Постекоглу. Иако официјална потврда сè уште нема, очекувањата се дека клубот ќе излезе со соопштение во наредните денови, додека трае потрагата по нов тренер.

И Постекоглу и претседателот на клубот, Даниел Леви, моментно се на летен одмор, што е причина за одложените директни разговори меѓу нив. Клучниот состанок на кој ќе се реши иднината на австралискиот стратег е закажан за следната недела.

Интересно е што дел од фудбалерите на Тотенхем веќе му дале поддршка на Постекоглу, барајќи тој да остане на кормилото на тимот. Сепак, конечната одлука ќе ја донесе лично Леви, без оглед на мислењето во соблекувалната.

Во меѓувреме, Тотенхем стапил во контакт со тренерот на Брентфорд, Томас Франк. Данецот веќе имал разговори со клубот за визијата на проектот и можните засилувања во летниот преоден рок.

Иако оваа сезона Тотенхем го освои трофејот во Лигата на Европа и обезбеди место во групната фаза на Лигата на шампионите, слабите резултати во Премиер лигата ја ставаат под прашалник иднината на Постекоглу. Втората негова сезона заврши со разочарувачко 17-то место и само 38 бода, блиску до зоната за испаѓање. За споредба, во првата сезона австралискиот тренер заврши на петтата позиција со 66 бода.

Постекоглу пристигна во јули 2023 и досега има 101 натпревар на клупата на Тотенхем, од кои 47 победи, 14 ремија и 40 порази. Сепак, вториот дел од неговиот мандат може да биде кобен, особено ако клубот реши да направи целосен пресврт и да му даде нова насока на проектот.

- Оглас -

Најнови вести