15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Тотенхем конечно најде спонзор за ултрамодерниот стадион

Измина една година откако Тотенхем го пушти во употреба ултрамодерниот стадион за чија изградба потрошија една милијарда фунти. Управата сето ова време бара спонзор кој ќе ги откупи правата за името, а досега само брендот за спортска опремна „Најки“ беше конкурент.

Сепак, американската компанија доби конкуренција од интернер-гигантот „Амазон“, а се верува дека ќе се урне светски рекорд доколку клубот оствари договор со „Амазон“, кој снима документарен филм за Петлите. Наводно договорот ќе вреди вкупно 250 милиони фунти, односно 25 милиони фунти годишно во наредните 10 години.

Инаку, арената која има капацитет од 62.000 седишта засега го носи името „Тотенхем хотспарс стадион“.

- Оглас -

Најнови вести