27.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Тотенхем купи неколку играчи, но пак голови даваат Кејн и Сон

Тотенхем го победи тимот составен од најдобрите фудбалери во првата лига на Јужна Кореја со 6-3 во пријателски меч во Сеул. Над 64.000 гледачи на трибините го гледаа овој спектакл во кој главна ѕвезда беше Кореецот од Тотенхем, Хеунг мин Сон.

Тренерот Антонио Конте како стартер го стави новиот напаѓач Ришарлисон, но Бразилецот кој играше 77 минути, не даде гол. На полувреме резултатот беше 1-1, а потоа на почетокот на вториот дел во игра влезе тандемот Кејн-Сон, кои заедно четири гола (двајцата по два) и нападот на Петлите беше многу поопасен со нив.

Дел од новите играчи на Тотенхем како Перишиќ, не играа поради здравствени проблеми, а на терен не влезе ниту Швеѓанецот Кулушевски.

- Оглас -

Најнови вести