Тотенхем, Лацио и Фиорентина ќе победат, Челзи и Лион ќе се „распукаат“ (Фото)

6783 Челзи – Копенхаген (18:45)

Фудбалерите на Челзи имаат предност од 2-1 од првиот меч против Копенхаген, но пласманот во четвртфиналето на Конференциската лига ќе треба да го потврдат на домашен терен. Од нив се очекува ефикасна игра, но и да покажат зошто се прв фаворит за освојување на третото по ранг европско клупско натпреварување. Сините од Лондон имаат максимални седум победи на седум натпревари оваа сезона во Конференциската лига.

Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (2.03)

 

6785 Фиорентина – Панатинаикос (21:00)

Фиорентина загуби со 3-2 на гостувањето кај Панатинаикос, па доколку сака пласман во четвртфиналето на Конференциската лига, ќе мора да победи на домашен терен. Виолетовите од Фиренца се големи фаворити и еден од топ-фаворитите во натпреварувањето, но тоа ќе мора да го покажат и на теренот и да слават над грчкиот претставник.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.85)

 

6028 Лацио – П’лзењ (18:45)

Лацио на домашен терен треба да го потврди пласманот во четвртфиналето на Лигата на Европа откако со позитива од 2-1 се врати од првиот меч против чешкиот П’лзењ. Екипата од Рим нема пораз на последните три натпревари, додека П’лзењ патува во Италија со голем кикс против претпоследниот состав во првенството на Чешка, Пардубице, против кого одигра само 0-0.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.16)

 

6025 Лион – ФЦСБ (21:00)

Од екипите на Лион и ФЦСБ се очекува ефикасен фудбал, со оглед на тоа дека патникот во следната рунда е решен, освен ако не се случи чудо вечерва во Франција. Лион славеше со 3-1 на првиот меч, па головите нема да изостанат и на вториот меч на овие две екипи.

Предлог тип: 3+ (1.75)

 

6027 Тотенхем  – АЗ Алкмар (21:00)

Тотенхем брка негатива од еден гол против АЗ Алкмар, со оглед на тоа дека загуби со 1-0 на првиот меч во Холандија. На Спарси не им оди оваа сезона во Премиер лигата, па натпреварите во Европа се оние каде што се брка резултат, а традицијата на дуелите помеѓу овие две екипи вели дека секогаш победувал домаќинот.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.07)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести