20.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Тотенхем може да фрли сол на раната на Црвените

1010 Тотенхем – Ливерпул (21ч)

Актуелниот шампион е во кризен период и има само еден триумф во последните седум меча во сите натпреварувања. Веќе пет дуели Ливерпул е без победа во Премиер лигата, по што следуваше пад на табелата до петтото место и веќе заостанува шест бода зад лидерот Сити.

Знаејќи ја ситуацијата, гостувањето кај Тотенхем доаѓа во најлош можен момент бидејќи екипата на Мурињо во последните осум средби оствари шест победи, заборавајќи ја катастрофата против Лестер.

Црвените ја добија првата овосезонска пресметка против Тотенхем кога двете екипи го делеа врвот во Премиер лигата, а драмата на „Енфилд“ ја реши Фирмино со погодок во 90-тата минута за конечни 2-1. Сличен исход може да се очекува и сега, односно да нема повеќе од три погодоци во Лондон.

Предлог тип: 1X & 2-3 (3.70)

 

3652 Наполи – Специја (21ч)

Наполи дефинитивно го доби најлесниот противник во четвртфиналето во Италијанскиот куп и мора да ја оправда фаворитската улога. За тимот на Гатузо да закаже дуел против Аталанта, ќе мора да ѝ се реваншира на Специја, која на почетокот од овој месец славеше под Везув во лигашки рамки со 2-1.

Гостите се десеткувани без неколку првотимци, додека Фабијан Руис отсуствува кај домаќините, што е шанса за Елмас да стартува од првата минута и притоа да биде еден од клучните играчи на Наполи. Три погодоци е просек во последните три меѓусебни дуели на овие две екипи, па и вечерва може да се очекува ефикасен меч.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.51)

 

1638 Aјакс – Вилем 2 (21ч)

Ајакс нема да дозволи изненадување од вториот најслаб тим во холандското првенство, што значи дека Копјаниците ќе го потврдат статусот на фаворит и ќе продолжат со серијата без пораз во 2021 година.

Тимот на Тен Хаг е во серија од седум победи и две ремија во сите натпреварувања и моментално предводи во трката за шампионската титула против лутиот ривал ПСВ Ајндховен.

Ајакс чека на триумф против Вилем од мај 2019 година, со оглед на тоа дека во последните две средби претрпе пораз и ремизираше кон крајот на минатата година, а претходно беше неприкосновен против овој противник и често забиваше по четири или повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-1 & 3-6 (2.07)

 

2853 Бенфика – Белененсеш (22:15ч)

Речиси да не постои завршница во куповите во Португалија, а Бенфика да не е еден од претендентите за трофеите. Затоа и вечерва ќе обезбеди пласман во полуфиналето од Португалскиот куп ако се знае дека на „Да Луж“ доаѓа екипа која се нема радувано против Орлите од Лисабон цели 13 години.

Бенфика воедно треба да се врати во победнички ритам со оглед на тоа дека веќе три средби нема победено, што нема да биде проблем бидејќи славеше во четири од послендите пет средби против Белененсеш и притоа редовно забиваше два или повеќе погодоци.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (2.01)

 

1358 Алкојано – Атлетик Билбао (21ч)

По остварената сензација над актуелниот шпански првак Реал Мадрид, третолигашот Алкојано наиде на освојувачот на шпанскиот Суперкуп, Атлетик Билбао. Битката за пласман во четвртфиналето на Купот на Кралот, сепак, треба да им припадне на Баскијците, колку и домаќините да се мотивирани за ново големо изненадување.

Сепак, треба да се знае дека Алкојано е без пораз во изминативе два месеца и е во серија од седум победи и две ремија. И Билбао е во добра форма – четири последователни победи, од кои две се против големите Барса и Реал во Суперкупот, мотив кој треба да биде доволен да им обезбеди позитивен резултат во Алкој.

Предлог тип: 2 & 1+I (2.50)

- Оглас -

Најнови вести