Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, е подготвен да ја прекрши клупската политика само за да го убеди менаџерот Антонио Конте да потпише нов договор. Леви веќе подготви нов договор за Конте и сака Италијанецот да го потпише истиот пред почетокот на Светското првенство во Катар.
Доколку се согласи да остане во Тотенхем, Конте ќе добие зголемување на платата, од 15 милиони евра колку што има сега, со новиот договор би заработувал 20 милиони евра годишно.
Леви исто така му ветува дека буџетот за трансфери во наредните две сезони ќе изнесува 200 милиони евра, плус парите што екипата би ги заработила од продажба на дел од играчите.
Првиот човек на Тотенхем е познат како некој што не се расфрла со пари, но во желбата да го убеди Конте да потпише нов договор е подготвен да ја прекрши клупската политика со високиот буџет за трансфери, како и со платата која Италијанецот би го искачила на второто место на најплатени менаџери во Премиер лигата, веднаш зад Пеп Гвардиола.
Конте во последно време се поврзува со екипите на ПСЖ, Реал Мадрид, каде што би го наследнил сонародникот Карло Анчелоти, како и со неговиот Јувентус, кој сезонава игра под очекувањата.
Италијанецот во Тотенхем пристигна во ноември минатата година како наследник на Нуњо Еспирито Санто, и тоа во време кога тимот беше во голема криза и беше далеку од позициите кои носат пласман во Лигата на шампионите.
Конте успеа да ги сврти работите и Тотенхем сезоната ја заврши на четвртото место на табелата и обезбеди пласман во ЛШ. Сезонава Тотенхем игра одлично и моменто е на делба на второто место на табелата со Манчестер сити, двете екипи имаат по 23 бода, четири помалку од лидерот Арсенал.