20.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Тотенхем на 24 февруари ја освои последната голема титула, но пред колку години?

Англискиот премиерлигаш Тотенхем е тимот кој во последните неколку години најмногу напредуваше. Лондончани успеаја да се вмешаат меѓу најголемите екипи во Англија, па и пласман во Топ 4 на табелата за овој клуб сега не е никаков проблем.

Минатата година Тотенхем беше на чекор да стигне до најголемиот успех во клупската историја. Играа во финалето на Лигата на шампионите, но беа поразени од Ливерпул, па големиот трофеј за нив остана само сон. По тоа загубено финале, многумина констатираа дека џабе му е напредокот на Тотехем, кога клубот повеќе од една деценија не се израдувал на трофеј.

На денешен ден пред 12 години, односно на 24 февруари 2008 година, Тотенхем последен пат славеше трофеј. Во финалето на Лига купот на Англија, Тотенхем со 2:1, дури по продолженија од двапати по 15 минути, стигна до победа од 2:1 против Челзи.

Дидие Дрогба го доведе Челзи до предност од 1:0, а Димитар Бербатов израмни од пенал, па мечот по 90 минути беше 1:1 и мораше да се играат продолженија. Во дополнителните 30 минути Џонатан Вудгејт беше стрелец на голот кој значеше и трофеј за Тотенхем. Од таа радост, па досега Тотенхем нема донесено ниту еден голем трофеј во своите витрини.

 

- Оглас -

Најнови вести