Реал Мадрид сезоонава има очајна реализација во нападот. Кралскиот клуб едноставно нема вистински реализатор, како тоа што во изминативе години беше Кристијано Роналдо. Токму поради малкуте постигнати голови, Реал е далеку зад Барселона, во трката за титулата во Примера дивисион.
Како една од опциите за засилување на нападот на Реал Мадрид е Хари Кејн. Англискиот репрезентативец е главна ѕвезда во тимот на Тотенхем, кој сезонава најавува трка за титулата во Премиер лигата. На Реал сигурно добро би им дошол играч од калибарот на Кејн. Сепак, проблем е тоа што Тотенхем го бара за заминување на голгетерот.
Англискиот премиерлигаш поставил цена од 350 милиони евра, која Реал треба да ја плати, ако сака да го добие Кејн. Оваа сума е многу повисока од светскиот рекорд за еден трансфер на Нејмар, за кого ПСЖ плати 222 милиони евра. Ако Тотенхем не ја намали цената, тогаш јасно е дека трансферот нема да се реализира.