Тотенхем како гостин извојува победа од 2-0 над Манчестер сити во дерби меч од Премиер лигата.
Манчестер сити немаше загубено меч во Премиер лигата од 8-ми март наваму, но Тотенхем потврди дека знае како да ги совлада Граѓаните на нивениот стадион. За Тотенхем ова беше трета победа на последните пет лигашки гостувања на „Етихад“.
Победата го искачи Тотенхем привремено на првото место на табелата, имаат 6 бода од гол-разлика од 5-0 по две кола.
Томас Френк им се придружи на Жозе Мурињо и Антонио Конте како единствени тренери кои на гости го победиле Пеп Гвардиола со два различни клуба.
Лондонските Петли денешниот меч го почнаа со 11 играчи од 11 различни земји, а тој микс денеска им донесе успех.