Според тврдењата на реномираниот италијански новинар Џанлука ди Марцио, Пауло Фонсека ќе биде новиот менаџер на Тотенхем. Португалецот наводно се согласил на тригодишен договор со Петлите и ќе биде наследникот на Жозе Мурињо на клупата на лондонскиот клуб.
Интересно е што Фонсека откако доби отказ од Рома, беше заменет токму со Специјалниот, а сега тој ја наследува работата од неговиот сонародник и колега.
Фонсека ја водеше Волчицата во 101 меч, од кои победи оствари во 53 од нив, како и 28 порази и 20 ремија. Најголем успех му беше полуфиналето во Лигата на Европа, каде што оваа сезона загуби од Манчестер јунајтед, но слабите резултати во Серија А му ја одредија судбината на 48-годишниот стратег само по две сезони на „Олимпико“.
Во меѓувреме, управата на Тотенхем остана без многу избор околу ангажман на нов менаџер, откако Антонио Конте одби да соработува со премиерлигашот.