Монпелје – ПСЖ (19 ч.)
ПСЖ веќе ја освои титулата во француското првенство, но ова е една од најслабите сезони во последните неколку години за „светците“. Тоа е така бидејќи ПСЖ го загуби Лига купот на Франција, како и Купот на Франција, а беше елиминиран уште во четврт-финалето од Лигата на шампионите.
Поради тоа мечот против Монпелје нема да решава ништо, па се очекува да биде ревија на погодоци, во кој, секако, се очекува гостите да бидат подобри.
Предлог тип: T2 1+I&T2 2+ (2.45)
Портсмут – Питерборо (20:45 ч.)
Некогашниот премиерлигаш Портсмут сега води битка за влез од третата во втората по ранг лига во Англија. Клубот од југот на Англија моментно е на третото место во Лига 1, со шанси за едно од првите две места кои директно водат во повисок ранг.
За да остане со надеж барем за второто место, Портсмут мора да победи вечерва. Питерборо е седми и со теоретски шанси дека може да стигне во бараж во којшто влегуваат екипите од третото до шестото место.
Предлог тип: T12+&ГГ (2.55)
Тотенхем – Ајакс (21 ч.)
Мечот на вечерта во фудбалскиот свет, секако, е дуелот од полуфиналето во ЛШ. Овие два тима само двапати играле меѓу себе и во двата случаи Тотенхем победил (3-0, 3-1). За сите најинтересни работи околу дуелот во Лондон меѓу Тотенхем и Ајакс информирајте се ТУКА.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.35)
Милвол – Бристол (20:45 ч.)
Милвол има четири нерешени и еден пораз во последните пет меча во првенството, но и покрај оваа очајна низа, тимот ќе се спаси од испаѓање. Бристол загуби три од последните четири меча, но гостите едноставно и немаат некој мотив да игра.
Гостите се фаворити, но Милвол сигурно ќе се бори да не ги разочара своите навивачи.
Предлог тип: 1-3 I&1-3 II (1.90)
Транмер – Бури (20:45 ч.)
Ако некаде е неизвесно за влез во повисок ранг, тоа е во Лига 2 во Англија. Бури, кој е на второто место на табелата, има 77 бодови, додека Транмер е шести со 72 бода и се надева на директен пласман во Лига 1.
Гостите го имаат најдобриот напад, а домаќините најцврстата одбрана. Сепак, ако сакаат три бода, играчите на Транмер мора да нападнат, а тоа е шанса за гостите. Интересно е што на 10 од последните 15 меѓусебни средби имало меѓу два и три погодока.
Предлог тип: 2-3 (2.00)