Евертон ќе игра во четвртфиналето од ФА купот по големата победа од 5-4 против Тотенхем во сензационалниот натпревар кој се одигра во синиот дел од Ливерпул.
Голеадата од девет погодоци заврши по 120 минути и му припадна на составот кој го предводи Карло Анчелоти, а посакуваниот триумф го донесе Бернард во седмата минута од дополнителните 30.
https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1359630076120190979
Претходно Лестер со минимални 1-0 триумфираше против Брајтон, а со идентичен резултат победи и Шефилд јунајтед против Бристол сити.