Тотенхем е подготвен по вторпат летово да го собори својот трансфер-рекорд и откако го купи Тангај Ндомбеле, сега се очекува да го привлече Пауло Дибала од Јувентус.
Според информациите од италијанските и англиските медиуми, Тотенхем ќе плати 80 милиони евра за аргентинското крило. Дибала е сонародник на менаџерот Маурисио Покетино, а Покетино во Дибала гледа идеален партнер за Хари Кејн.
Дибала не е во прв план кај Маурицио Сари во Јуве, не би играл многу мечеви за Бјанконерите во претстојната сезона и затоа сака да си замине, но клубот бара многу висока сума за него. Во Италија тврдат дека Јувентус не би го пуштил Дибала за помалку од 100 милиони, па затоа овие 80 милиони на Тотенхем може и да не се доволни да го земат фудбалерот кој пред две сезони ги елиминираше од ЛШ.