Тотенхем нема да загуби на „Велодром“

6001 Порто – Атлетико Мадрид (18.45 часот)

Португалците имаат три победи по ред, сигурни осминафиналисти се, но со победа над Атлетико може да бидат и први во групата, па да добијат нешто полесен ривал во нокаут-фазата. Порто и со реми може да биде прв ако Бриж загуби од Баер Леверкузен. Атлетико и Баер се борат за место во Лигата на Европа. По пет кола, Шпанците имаат еден бод предност. Лани во декември, Атлетико победи на „Драгао“ со 3-1. Ова се екипи чии последни два меѓусебни дуели беа со ГГ и 3+. Порто од 2009 не знае за триумф над Јорганџиите.

Предлог тип: ГГ (1.76)

 

6005 Ливерпул – Наполи (21.00 часот)

На Црвените им треба победа од четири гола разлика за да го преземат првото место од Наполи. Наполитанците се перфектни досега, имаат 15 бода од пет меча и гол-разлика 20-4, но гостувањата на „Енфилд“ секогаш се незгодни. Ливерпул е тим кој знае да прима голови во првите 15-тина минути од мечеви, а вечер ќе треба веднаш да нападнат. Од 31 август наваму, Наполи победи на сите мечеви што ги играше, а Наполи не губеше и на последните две гостувања кај Ливерпул.

Предлог тип: ГГ прво/второ (1.78)

 

6006 Марсеј – Тотенхем (21.00 часот)

Групата во која се овие два тима е најнеизвесна бидеќи сите може да одат понатаму и сите може да испаднат. Тотенхем ако остане непоразен на „Велодром“, оди во осминафиналето, а на Марсеј му треба победа, нерешено може да му помогне да стигне до место во Лигата на Европа, но и тоа е условно. Марсеј ако победи, може да биде и прв ако другиот меч од групата заврши нерешено. Тотенхем во првиот нивен дуел дома со 2-0 го надигра Марсеј.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.30)

 

6007 Баерн – Интер (21.00 часот)

Баерн го има обезбедено првото место и може малку да калкулира со составот, но менталитетот на Баварците е дека нема опуштање и на секој меч одат на победа. Мотивацијата им е групата да ја завршат со максимални 18 бода. Интер својата работа ја заврши во минатото коло, па ова е меч само за престиж. Двата тима се во налет, имаат убава низа без пораз, а во нивните меѓусебни дуели не било нерешено уште од 2006 година.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.87)

 

6008 Спортинг – Ајнтрахт (21.00 часот)

На Спортинг му одговара и нерешено и со еден бод оди во осминафиналето на ЛШ, но ако победи, а Тотенхем не победи, тогаш Португалците ќе бидат и први во групата. И Германците си имаат свои калкулации, тие со победа во Лисабон сигурно одат во осминафиналето, а ќе бидат и Спортинг и Ајнтрахт, така имаат обезбедено европска пролет, макар во ЛЕ. Спортинг изненади со убедливите 3-0 во Франкфурт, не е исклучено Ајнтрахт да се реваншира.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.92)

- Оглас -

Најнови вести