Екипата на Тотенхем уште еднаш потврди дека е најопасен гостин. Лондонскиот тим вечерва гостуваше кај Вулверхемптон и се врати победнички. Гостите се радуваа на триумф од 3:2. За Тотенхем ова е шеста победа во седмиот меч на гости сезонава.
Многу брзо, уште во првите 30 минути гостите најавија дека се дојдени по трите бода. Ламела и Лукас погодија за 2:0 на полувремето. Кејн зголеми на 3:0 во 61 минута и речиси на сите им беше јасно дека бодовите се за гостите. Вулверхемптон, кој важи за напаѓачки тим не се предаде и со два гола од пенали, преку Невес и Хименез стигна до 2:3, но домаќините немаа сили за комплетно враќање во мечот.
За Тотенхем ова е осма победа во 11 меч и со 24 бодови сега е на делба на третото место заедно со Челзи, кој утре на свој терен игра против Кристал Палас.