Тотенхем од „два во кец“ само за седум минути, Сити без проблеми до три бода (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем со пресврт во второто полувреме го совладаа Брентфорд во 22-рото коло во Премиер лигата. Со триумфот, Тотенхем се израмни со Астон вила на четвртото место на табелата и двата тима имаат по 43 бода.

Брентфорд имаше предност по првото полувреме благодарение на голот на Маупај, но во вториот дел Петлите направија пресврт.

Тотенхем само за седум минути, од 48-мата до 56-тата минута постигна три гола за целосен пресврт.

 

Прво Удоги израмни на 1:1, потоа Џонсон погоди за 2:1, а Ришарлисон зголеми на 3:1.
До крајот на мечот, Ајвон Тони намали на 3:2.

Манчестер сити без проблеми дојде до трите бода славејќи со 3:1 над Барнли.

Само по 22 минути игра, со головите на Хулијан Алварес, Граѓаните поведоа со 2:0.

Во првата минута од второто полувреме, Родри погоди за 3:0, а во финишот Ал-Дахил постигна почесен гол за Барнли.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести