Тотенхем од единствениот удар го „реши“ Јунајтед и го освои првиот европски трофеј по 41 година (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем дојдоа до првиот европски трофеј по пауза од 41 година, но и само втор воопшто во 21-виот век, откако во финалето од Лигата на Европа го совладаа Манчестер јунајтед со 1-0 на „Сан Мамеш“ во Билбао.

Херој на Спарси е Бренан Џонсон, кој беше стрелец на единствениот погодок на мечот во 42-рата минута, откако најдобро се снајде во петтерецот на Манчестер јунајтед и ја смести топката позади грбот на Онана.

Она што е интересно, тоа беше и единствениот удар на Тотенхем кон противничкиот гол, што на крајот се покажа како доволен за трофеј, но и за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите следната сезона.

Трофејот од Лигата на Европа за Тотенхем е четврти европски во историјата на клубот, откако го освојуваа Купот на победниците на куповите во 1963 година, како и Купот на УЕФА на двапати, во 1972 и 1984 година.

Во 21-виот век го освоија само англискиот Лига куп во 2008 година.

- Оглас -

Најнови вести