6072 Наполи – Реал Сосиедад (18:55ч)
На Наполи му одговара и реми со Сосиедад за да ја задржи првата позиција во групата Ф, но сигурно Гатузо ќе сака неговите фудбалери да одиграа добра партија и да ја оправдаат победата од Сан Себастијан. Со оглед на тоа дека Наполитанците ја завршија работата, Рино може да комбинира со составот и да го пушти Елмас од првата минута на теренот.
Наполи воедно треба да искористи тоа што Сосиедад е во чудна форма од еден триумф и четири врзани ремија во сите натпреварувања во последните пет средби, додека дуелот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ може да биде ограничен со погодоци со оглед на тоа дека кај гостите недостасуваат неколку првотимци.
Предлог тип: 1X & 0-3 (1.80)
6032 Јанг бојс – Клуж (18:55)
Јанг бојс ќе треба да ја оправда фаворитската улога и да слави во директниот дуел против Клуж во битката за второто место во групата А. Сè освен пораз му одговара на швајцарскиот состав бидејќи има два бода предност во однос на Клуж, па ремито од 1-1 од првиот дуел не игра многу улога.
Домаќините имаат проблеми со бројни повреди, но и без тие првотимци, Јанг бојс е голем фаворит во мечот и не би требало да претрпи сензација.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.25)
6042 Тотенхем – Антверпен (21ч)
Тотенхем мора да му се реваншира на Антверпен за поразот во второто коло. Во ваква ситуација Мурињо е одмаздољубив, па може да се очекува потоп на белгискиот тим во Лондон доколку се разиграат Петлите.
Евентуален триумф на Тотенхем ќе му го донесе првото место во групата за патот во нокаут-фазата да му биде полесен на европскиот вицешампион од 2019 година. Треба да се напомене дека токму Антверпен е последниот тим што успеа да слави против екипата на Специјалниот, која од тој меч негува серија од осум меча без пораз со шест победи и само две ремија.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.12)
6033 Спарта Прага – Милан (21ч)
Иако дуелот наликува на престижен, Милан ќе сака со победа да ги заврши групите со надеж дека на „Селтик парк“ ќе има резултат поволен за нив да избијат на чело во групата Х. Триумфот од 3-0 во второто коло беше присетување на Милан и Спарта на дуелите пред повеќе од 15 години во рамките од Лигата на шампионите, а се чини дека тимот од Прага и на шестиот меѓусебен дуел нема да оствари позитивен исход против фаворизираните Росонери.
Иако Милан е ослабен со повредите на Ибрахимовиќ и Кјаер, нивното отсуство е шанса за другите играчи да стапат на сцената и да ја оправдаат тежината на црвено-црниот дрес.
Предлог тип: 2 & 2>1 (2.85)
6034 Селтик – Лил (21ч)
Оваа сезона Селтик ќе ја памети како кошмарна иако има уште многу да се игра во шкотското првенство. На меѓународната сцена гигантот од Глазгов потфрли, прво во квалификациите за ЛШ, а сега и во групната фаза во ЛЕ. Селтик како последен ќе ја заврши групата Х без разлика на исходот од вечерашниот дуел против Лил.
Единствено што Селтик може да направи е со евентуална победа да му помогне на Милан да го претрка Лил на првото место. Данските доги веќе се пласирани во нокаут-фазата, но целта ќе им биде без пораз да го завршат есенскиот дел во европското натпреварување.
Предлог тип: 1X – X2 (2.22)