Фудбалерот на Тотенхем, Муса Сисоко, поради повреда најверојатно ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Ајакс.
Сисоко се повреди минатата недела, на дуелот со Манчестер сити од ЛШ и нема да може да игра на својот стадион на 30 април против холандскиот клуб. Тотенхем се бори и за третото место во домашното првенство, за да обезбеди пласман во ЛШ следната сезона ако не успее да стане европски првак.
Ова е нов проблем за тренерот Маурисио Покетино, кој за најважниот натпревар на европска сцена нема да може да смета ниту на повредениот капитен Хари Кејн и на суспендираниот Сон Хеунг-мин.