Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед одиграа 1-1 на „Аноета“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа. Џошуа Зиркзе во 58-мата минута донесе водство за Ѓаволите, но израмни Микел Ојарзабал од пенал во 70-тата минута од мечот.
Ренџерс обезбеди убава предност откако славеше против Фенербахче на гости со 1-3. Вацлав беше двоен стрелец, а за гостите погоди и Десерс. Единствениот погодок за Фенербахче го постигна Александер Џику.
Лион исто така победи со 1-3 на гости кај ФЦСБ. Двоен стрелец беше Фофана, а еден гол постигна и Таљафико.
АЗ Алкмар обезбеди минимална предност (1-0) против Тотенхем на домашен терен. Фудбалерот на Тотенхем, Лукас Бергвал, си постигна автогол во 18-тата минута.
Реваншите се играат за седум дена.