Тотенхем подготвува зимска трансфер бомба, ќе го купува Влаховиќ

Англискиот премиерлигаш Тотенхем во зимскиот преоден рок планира да го засили нападот и веќе ја подготвува понудата за играчот на Јувентус, Душан Влаховиќ.

Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, бара од управата да му донесе елитен напаѓач и изборот паднал на Влаховиќ, објави „ТВ Плеј“.

Според телевизијата, Тотенхем во зимскиот преоден рок кој започнува на први јануари, на Јувентус ќе му понуди 68,5 милиони евра отштета за Влаховиќ.

Освен Тотенхем, интерес за напаѓачот на Јувентус пројавуваат и Арсенал и Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести