Тотенхем поставува „офсајд замка“ каква што досега не е видена во фудбалот

Тотенхем и Челзи синоќа одиграа неверојатно градско дерби кое уште долго време ќе се памети. Челзи славеше убедливо со 4:1 во меч на којшто имаше дури и пет поништени гола. Освен тоа што десетпати се тресеа мрежите на двата тима, а фудбалерите се радуваа само петпати, на средбата имаше и пенал, два црвени картона и дури 25 минути вкупно продолжување.

На крајот епилогот е тоа што во Премиер лигата веќе нема непоразени екипи затоа што Тотенхем иако играше на свој терен, не можеше да се спротивстави со двајца играчи помалку на ривал како Челзи (двајца домашни фудбалери добија црвени картони).

Покрај сите тие возбудувања, на теренот се случи и еден по малку чуден момент. Тотенхем реши да промовира нов начин на поставување „офсајд стапица“. Челзи беше во напад, кога во еден момент сите фудбалери на Тотенхем се наредија на линијата што е на средината од игралишето.

- Оглас -

Најнови вести