Тотенхем прекина една низа која траеше дури 147 меча, Конте разочаран, но не мисли да си замине

Милан по пауза од 11 години повторно е дел од четвртфиналето во Лигата на шампиони, а тоа е благодарение на елиминацијата на Тотенхем. По двата меча, Милан победи со вкупни 1:0, благодарение на голот постигнат на првата средба на „Сан Сиро“.

Интересно е дека синоќешното реми во Лондон без голови е прв ваков резултат на дуел на кој Тотенхем е домаќин по пауза од пет и пол години. Тотенхем кога бил домаќин немаше одиграно 0:0 на 147 натпревари по ред, во сите натпреварувања. Таа низа сопре по дуелот со Милан, а овој резултат беше разочарувачки за англискиот тим.

По мечот, тренерот на Тотенхем, Антонио Конте најави дека не планира да даде отказ од функцијата.

„Мојот договор со клубот истекува во јуни, но можеби ќе бидам избркан и пред овој период. Можеби во клубот се разочарани од мене. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Конте.

- Оглас -

Најнови вести