Екипата на Тотенхем со 2:0 го победи Евертон во меч од 10. коло во Премиер лигата. Со овој триумф, лондонскиот тим стигна до 23 бодови, колку што има и Манчестер сити, а еден помалку од лидерот Арсенал. Сити и Арсенал имаат по девет одиграни меча.
Во второто полувреме Тотенхем го скрши отпорот на гостите. Во 59 минута погоди Хари Кејн и тоа од пенал, продолжувајќи ја низата да погодува барем по еднаш во последните пет првенствени средби.
Сите дилеми околу победникот беа решени кога Хојбјерг погоди за 2:0 во 86 минута. За Тотенхем ова е петта победа во петиот меч пред своите навивачи сезонава. Евертон останува на 10 бодови од 10 меча и со само осум постигнати погодоци сезонава.