25.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Тотенхем против Сити направи нешто што им успеало само на три клуба претходно

Победата на Тотенхем против Манчестер Сити ја врати драмата во трката за титулата во Премиер лигата, но тоа беше и доказ дека Граѓаните не се толку доминантни. Тотенхем имаше три порази во низа пред гостувањето на „Етихад“, а избраниците на Антонио Конте одиграа најдобро на теренот на шампионот и на крајот победија со 3:2.

Погодокот што Хари Кејн го даде за триумф од 3:2 беше постигнат во 94:25 минута и тоа е најдоцниот победнички гол постигнат против Сити уште од септември 2009 година, кога Мајкл Овен погоди за Манчестер јунајтед во 95:27 минута.

Со овој триумф, Тотенхем комплетираше дабл против Сити во првенството, откако и во есенскиот дел, лондонскиот тим победи, но тогаш беше 1:0. Тотенхем е само четвртата екипа која успеала да ги освои сите шест бода во Премиер лигата против Манчестер сити предводен од Пеп Гвардиола.

Претходно тоа им успеало само уште на Челзи во сезоната 2016/17, Манчестер јунајтед (2019/20) и Вулверхемптон (2019/20).

- Оглас -

Најнови вести