Новиот „Најки стадион# конечно е готов и екипата на Тотенхем денеска првпат имаше можност да тренира во својот нов дом. Стадионот вреден 1 милијарди фунти има 62.000 седишта, а првиот официјален меч на Спарс како домаќини на овој терен ќе биде на 3 април против Кристал палас.
В сабота, на стадионот ќе се игра ревијален меч помеѓу легендите на Тотенхем и Интер, па тој спектакл ќе биде како генерална проба за добивање безбедносен сертификат пред првиот официјален натпревар.
Поминаа 98 недели откако Тотенхем го напушти „Вајт харт лејн“ и од август 2017 година како домаќин играше на „Вембли“. Отворањето на новиот стадион првично се пласираше за есеноска, но по неколку одложувања, и тоа е готово. Во последната сезона (2016/2017) на тоа место Тотенхем не загуби ниту еден домашен меч, а дали и новиот терен ќе биде тврдина која тешко ќе ја урнат гостинските тимови од премиерлигата, ќе покаже времето.
Видете како изгледаше запознавањето на играчите на Тотенхем со теренот:
Look who’s here…
#SpursNewStadium ⚪️ #COYS pic.twitter.com/239RCDTuaV— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) March 28, 2019