Тотенхем речиси ништо не одигра, а води 2-1 во Пиреја (видео)

Тотенхем има комотни 2-1 по првото полувреме на гостувањето кај Олимпијакос во мечот од првото коло во групната фаза на Лигата на шампионите. Избраниците на Маурисио Покетино и покрај двојната предност, не делуваа доминантно во Пиреја бидејќи фудбалерите на Олимпијакос се тие коишто ја контролираа играта до 25-тата минута.

Домаќините имаа неколку шанси да му наштетат на европскиот вицепрвак, воедно дирекот му беше сојузник на Љорис во една опасна акција, по која Гереро не успеа да ги израдува домашните навивачи. Набрзо потоа Тотенхем доби пенал, а Кејн беспрекорно го реализираше, а неговиот удар беше прва закана воопшто на гостите од Лондон.

Четири минути подоцна Тотенхем зголеми на 2-0 со втората закана кон голот на Хосе Са, а Лукас постигна маестрален погодок од далечина. Олимпијакос се врати во игра пред паузата преку Поденсе.

https://www.dailymotion.com/video/x7lcy5k

Во Белгија, на дуелот меѓу Клуб Бриж и Галатасарај мрежите мируваат по првите 45 минути.

- Оглас -

Најнови вести