Тотенхем рутински го совлада Нотингем форест и се врати во борбата за врвот (Видео)

Екипата на Тотенхем повторно игра одлично и со втората победа во низа се врати во игра за врвот на табелата во Премиер лигата. Избраниците на Ангелос Постекоглу вечерва без поголеми проблеми го победија Нотингем форест на гостински терен со 0-2.

Резултатот го отвори Ричарлисон со прекрасен погодок со глава во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. Конечните 0-2 ги постави фудбалерот со македонски корени, Дејан Кулушевски, во 65-тата минута откако искористи една грешка на потесната одбрана на домашните и со соло акција успеа да го пронајде патот до мрежата на Нотингем.

Тотенхем со оваа победа дојде до 33 поени, односно четири помалку од лидерот Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести