24.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Тотенхем сака да го врати Палиња во Премиер лигата

Португалскиот интернационалец Жоао Палиња имаше тешка сезона во Баерн Минхен. Поради малата минутажа размислува за промена на средината во овој летен преоден рок.

Тотенхем будно ја следи ситуацијата со Палиња и ќе се обиде да го врати во Премиер лигата. Играчот за врска претходно настапуваше за Фулам во англискиот шампионат.

Палиња во сезоната што измина одигра само 986 минути вкупно на 25 натпревари во дресот на Баерн, а тренeрот Венсан Компани му даде шанса и само на еден меч од Светското клупско првенство. Поради ова, Португалецот и размислува за заминување.

- Оглас -

Најнови вести