Тотенхем сака да игра тотален фудбал, топ-пик им е тренер на тим што брка 100 гола

Рајан Мејсон е само привремено решение на клупата на Тотенхем по заминувањето на Жозе Мурињо, а популарните Спарс се интересираат за тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, кој би бил идеално решение.

Холанѓанецот е најсериозен кандидат за нов менаџер на Спарс, објавија англиските медиуми. Има актуелен договор со Ајакс до идното лето, но бара нов предизвик откако веќе долг период од 4 години е тренер на Копјаниците од Амстердам.

Тен Хаг е на прагот на нова титула во Холандија со Ајакс, а филозофијата му е да се игра напаѓачки фудбал. Ајакс моментно на четири кола до крајот на домашното првенство, има постигнато дури 89 гола на 30 меча.

Кандидатот за нов тренер на Тотенхем го предводеше Ајакс до полуфиналето во Лигата на шампионите пред две сезони, а има вкупно 4 пехари како менаџер на најпознатиот холандски клуб.

Според британските медиуми, главен конкурент на 51-годишниот Холанѓанец за кормилото на Тотенхем ќе му биде Германецот Ралф Рангник.

 

- Оглас -

Најнови вести