Сон Хеунг-мин погоди од белата точка во 87-мата минута и донесе многу радост во Лондон за симпатизерите на Тотенхем, екипа што го победи Саутхемтпон со 3:2 и со вкупен резултат од 4:3 се пласираше во петтата рунда од ФА купот.
Гостите беа на прагот на изненадување откако со головите на Лонг и на Ингс поведоа со 2:1, но не издржаа. Лукас во 78-мата минута израмни на 2:2, а потоа Сон беше прецизен од белата точка за втор пресврт на мечот и победа на Тотенхем од 3:2.
Водечкиот гол за домаќините го постигна Стивенс, кој сам си ја затресе мрежата во 12-тата минута, а потоа се случија два пресврта.
Тотенхем за пласман во четвртфиналето во ФА купот ќе игра со Норвич.