Фудбалерите на Тотенхем со минимални 1-0 го совладаа Барнли и се пласираа помеѓу 32-те екипи во англискиот ФА куп. Единствениот погодок што значеше победа над една од најслабите екипи во Премиер лигата, беше дело на шпанскиот интернационалец Педро Поро во 79-тата минута.
Шпанецот повлече една топка кон противничкиот гол, а со оглед на тоа дека не беше нападнат од ниту еден фудбалер на Барнли се одлучи да бие и успеа да постигне фантастичен погодок.