Тотенхем се мачеше, но со фантастичен еврогол мина во следната фаза од ФА купот (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем со минимални 1-0 го совладаа Барнли и се пласираа помеѓу 32-те екипи во англискиот ФА куп. Единствениот погодок што значеше победа над една од најслабите екипи во Премиер лигата, беше дело на шпанскиот интернационалец Педро Поро во 79-тата минута.

Шпанецот повлече една топка кон противничкиот гол, а со оглед на тоа дека не беше нападнат од ниту еден фудбалер на Барнли се одлучи да бие и успеа да постигне фантастичен погодок.

- Оглас -

Најнови вести