32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Тотенхем 13 години чека за првиот трофеј, квотите велат дека уште ќе чека

Манчестер сити и Тотенхем денеска ќе играат во борба за првиот трофеј сезонава во англискиот фудбал. На „Вембли“ во Лондон се игра финалето на Лига купот, а на трибините треба да има и 8.000 гледачи.

Сити е тимот кој едноставно доминира во ова натпреварување и се радуваше на четири трофеи во последните пет сезони. И сега Граѓаните ја имаат фаворитската улога, но против себе ќе имаат посебно мотивиран ривал. Пеп Гвардиола стандардно ќе игра офанзивно, во формација 4-3-3, но во стартниот тим ќе ги нема ѕвездите Кун Агуеро и Де Брујне кој ќе треба да се штедат за дуелот од полуфиналето во Лигата на шампиони.

Тотенхем е клуб кој цели 13 години чека да се израдува на првата титула во едно големо натпреварување. Лондонскиот клуб последен пат има трофеј токму во Лига купот, освојувајќи го во 2008 година. Потоа, Тотенхем иако имаше неколку добри сезони, во нивните витрини нема пехар, иако играат дури и во финалето од Лигата на шампиони.

Овие две екипи сезонава играа два пати и двете си победија на домашен терен. Тотенхем славеше со 2:0, а Сити победи со 3:0. Сега играат на неутрален терен и тоа во меч за трофеј. Лондонскиот тим пред неколку дена остана без тренерот Жозе Мурињо кој доби отказ, потег кој може да биде и мотив плус за играчите да се докажат.

Се очекува Тотенхем да излезе во најсилен состав и тоа со формација 4-2-3-1 во која секако најистурен ќе биде Хари Кејн.

 

- Оглас -

Најнови вести