Тотенхем се распаѓа, никој во Премиер лигата немал ваков негативен рекорд

Фудбалерите на Тотенхем кои беа вистински хит на стартот од сезоната, сега влегоа во црна серија и почнаа да поставуваат негативни рекорди, а еден од нив дојде по синоќешниот пораз од Вест хем од 1:2.

Тотенхем стана првиот тим во историјата на Премиер лигата кој на пет натпревари по ред прв постигнал гол, но не успеал да победи. Од овие пет меча, Петлите освоија само еден бод.

Пред синоќешниот пораз од Вест хем, Тотенхем имаше водство од 1:0 и против Манчестер сити (3:3), против Астон вила (1:2), против Вулверхамптон (1:2) и против Челси (1:4).

Поради лошата серија, Тотенхемн од првото падна на петтото место на табелата со 27 освоени бодови, дури девет помалку од лидерот Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести