Кепа е историја за Челзи? Тотенхем се уплаши од Кабалјеро и не шутна ниеднаш

Челзи покажа дека не мора да го има на голот најскапиот голман во светот за да победи. Во лондонското дерби, домаќинот на „Стемфорд бриџ“ победи со 2-0 против Тотенхем и покажа дека брзо го пребродил болниот пораз од Манчестер сити на пенали во финалето на Лига купот на Англија.

Во тоа финале од Купот, во главна улога беше голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, кој одби да излезе од теренот во 120-тата минута и покажа големо непочитување кон сите во клубот. Поради таа негова одлука, Кепа не бранеше против Тотенхем, а тоа се покажа и како добар потег.

Голот на Челзи го бранеше Вили Кабалјеро, кој требаше да влезе на местото на Кепа во финалето од Купот. Интересно е што Кабалјеро и немаше многу работа против Тотенхем, иако се работеше за дерби-дуел. Тотенхем за првпат по повеќе од пет години не успеа да упати ниту еден удар во рамките на голот на противникот. Последен пат тоа на Тотенхем му се имаше случено во декември 2013 година против Ливерпул.

„Секако дека сме среќни. Ова е одличен резултат за нас, посебно по еден таков пораз во финалето од Сити во Купот. Одлично одигравме во одбраната. Секоја победа е многу важна, а оваа е посебно важна бидејќи сме чекор поблиску до Тотенхем. Секогаш е убаво кога ќе завршиш меч без да примиш гол. Со Кепа зборувавме за тоа што се случи пред некој ден. Вечерва и тој беше фантастичен. Постојано ми даваше подршка од клупата“, рече по мечот голманот Кабалјеро.

 

 

- Оглас -

Најнови вести