Тотенхем се засили, сега сака да ги освои титулите и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите

Дури 41 година Тотенхем чекаше да се израдува на трофеј во едно големо натпреварување. Лондонскиот тим триуфмираше во Лигата на Европа откако во финалето со 1:0 го победи Манчестер јунајтед. Со таа победа, Тотенхем се избори за место во Лигата на шампионите во новата сезона, иако лондончани во домашното првенство завршија дури на 17-тото место.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, се засили и сега е голем оптимист дека неговиот тим може дури да ја освои и титулата во Премиер лигата.

„Емоциите за време на шампионската парада беа на највисоко ниво. Навистина беше неверојатно бидејќи освоивме трофеј во Европа. Но, ние не се задоволуваме со тоа. Сега сакаме да ја освоиме и Премиер лигата, сакаме да продолжуваме да победуваме, па ако може да триумфираме и во Лигата на шампионите“, вели Леви.

- Оглас -

Најнови вести