Фудбалерите на Тотенхем водат со 2:0 по првото полувреме од дуелот со Њукасл кој се игра во рамки на 16-то коло во Премиер лигата.
Според прикажаната игра, Петлите конечно имаат шанса да ја прекинат серијата од пет натпревари без победа во која забележаа дури четири порази.
Интересно е што на последните шест меча Тотенхем прв постигнувал гол, но не успевал да слави, а денеска има шанса конечно да ја прекина таа серија.
Резултатот го отвори Удоги со голот во 26-та минута, а Ришарлисон со голот во 38-та минута му донесе водство на Тотенхем од 2:0.