Тотенхем на чудесен начин го загуби Супер купот од ПСЖ и тоа откако имаше водство од два гола разлика сè до 85-тата минута, а потоа имаше предност и на пеналите. Сега мечот во Удине го одбележаа дел од навивачите на клубот од Северен Лондон.
Еден дел од нив се нарекува Yid army што во превод би значело „Еврејска армија“ и во Италија пристигнаа со знамиња на Израел. Додека на останатите стадиони се појавуваат знамиња на Палестина во знак на поддршка, навивачите на Тотенхем веат израелски знамиња и го поддржуваат Израел.
Before the UEFA Super Cup: ‘Stop killing children, stop killing civilians’ pic.twitter.com/1ceEc2GI98
— B/R Football (@brfootball) August 13, 2025
Пред почетокот на мечот во Удине на теренот беше поставен транспарент на кој пишуваше „стоп за убивањето на децата, стоп за убивањето на цивилите“.