Тотенхем со 3:2 победи на гости во Германија против Хофенхајм во меч на којшто домаќините многу повеќе напаѓаа, а на крајот лондончани се радуваа. Мадисон и Сон во првото полувреме донесоа водство за Тотенхем од 2:0, а потоа домаќините со погодок во 68-мата минута намалија на 1:2. Следуваше нов погодок на Сон за 3:1, а Хофенхајм во завршницата даде втор погодок, кој на крајот не беше доволен за спас од пораз.
Рома неочекувано загуби на гости кај АЗ Алкмар, и тоа со гол примен во 80-тата минута. По овој пораз, Римската волчица остана само на девет бода од седум кола и до последното коло ќе биде во неизвесност дали ќе се избори за место во нокаут-фазата.
Во мечевите кои се одиграа досега во Лигата на Европа, Бодо/Глимт – Макаби Тел Авив 3:1, Фенербахче – Лион 0:0, Малме – Твенте 2:3, Порто – Олимпијакос 0:1, Карабаг – ФЦСБ 2:3, Викторија П’лзењ – Андерлехт 2:0.