Фудбалерите на Тотенхем дојдоа до нова победа и се доближија на само бод од лидерот Ливерпул, кој има и натпревар помалку на врвот од Премиер лигата.
Спарси победија со 1-2 на гостувањето кај Лидс и тоа благодарение на две „бомби“.
Матис Тел го отвори резултатот во 23-тата минута, но радоста на гостите траеше само десеттина минути, бидејќи Ноа Окафор во 34-тата минута израмни на 1-1.
Победата за Тотенхем ја донесе Мохамед Кудус со гол во 57-мата минута.