Инфаркт-завршницата и голот во 95-тата минута на Пјер-Емил Хојберг за победа на Тотенхем од 1:2 на гостувањето кај Олимпик Марсеј им донесе голема добивка од малку повеќе од 200.000 денари на двајца обложувачи.
Охриѓанец уплати 220 денари и си ќари 136.351 денар, од кои 12.375 денари се бонус обложувајќи се на четири натпревари во живо.
ДОБИ 200 ЕВРА БОНУС ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ ВО ЖИВО
Тој имаше верба во Ајнтрахт и Тотенхем и пред стартот на второто полувреме на натпреварите во ЛШ, одигра тикет во кој бараше три победи на фаворитите и на еден пар играше двата тима да постигнат гол, иако на два меча резултатите не му одеа во прилот и бараше пресврт.
Махерот веруваше во победа на Ливерпул, на Ајнтрахт и на Тотенхем, а играше да има голови во второто полувреме на мечот Ренџерс – Ајакс и до добивка од 136.351 денар, од кои 200 евра се бонус за обложување во живо, дојде буквално во последните моменти на два меча.
Ливерпул со 2:0 го совлада Наполи, Ајнтрахт губеше со 1:0 по првиот дел против Спортинг, но со два гола во 62-рата на Камада и на Коло Муани во 72-рата минута го сврте резултатот. Квотата за пресвртот на Ајнтрахт изнесуваше 9.80
На последите два меча беше супер возбудливо и головите паднаа во самиот финиш, и тоа на начин на кој му донесоа голема добивка на охриѓанецот. На средбата меѓу Ренџерс и Ајакс, последните два гола кои го оставија во игра охриѓанецот беа постигнати во 87-мата и 89-тата минута. Прво домаќините постигнаа гол од пенал преку Таверние, а потоа во следниот напад Ајакс возврати со голот на Консеисао.
Последниот натпревар кој имаше коефициент од 11 беше тој меѓу Марсеј и Тотенхем.
Петлите губеа по првиот дел, но охриѓанецот веруваше во нивен триумф и на крајот исто толку многу се радуваше како и самите фудбалери. Причина за тоа е голот на Хојберг буквално пред последниот свиреж на судијата, Данецот ја затресе мрежата на Марсеј во последната, петта минута од судиското продолжение и на обложувачот од Охрид му донсе 136.351 денар.
ШКОЛСКИ ОДИГРАН ТИКЕТ МУ ДОНЕСЕ ПОВЕЌЕ ОД 1.000 ЕВРА
Вториот мајстор за обложување ни доаѓа од Гевгелија, кој одигра школски тикет и со уплата од 50 денари си заработи 65.491 денар. Тој одигра шест фикса и на два пара бараше победи на фаворитите и да има голови.
Тикетот на гевгеличанецот започна храбро со двата меча од 18.45 часот, каде што ја погоди победата од 2:1 на Порто над Атлетико Мадрид, како и нулата во Леверкузен.
Обложувачот беше убеден во победа на Барселона и одигра „два во два“ и да има повеќе од три гола, како и на Баерн, каде што покрај кецот, бараше да има помеѓу два и пет гола.
Овие два меча без поголеми проблеми испаднаа како што типуваше Охриѓанецот. Баерн со головите на Павар и на Чупо-Мотинг славеше со 2:0, а Барселона беше убедлива во П’лзењ и славеше со 2:4.
Махерот имаше нос и ги предвиде победите на Ливерпул и на Ајакс. Ливерпул со головите на Салах и Нуњез во второто полувреме го победи Наполи, додека холандскиот тим беше убедлив во Глазгов и славеше со 1:3.
Најдраматично беше на натпреварите на кои гостите направија пресврт во второто полувреме. Ајнтрахт со два гола во вториот дел го совлада Спортинг со 2:1 и се пласира во нокаут-фазата во ЛШ.
Последниот тим кој на гевгеличанецот му донесе добивка од 65.491 денар е Тотенхем, кој благодарение на голот на Хојберг славеше со 2:1 над Марсеј.