Тотенхем со лекција за Арсенал, тимот на Мурињо останува лидер во Англија

Тотенхем му даде два гола на Арсенал во првото полувреме и тоа беше доволно за тимот на Жозе Мурињо да го добие дербито на северен Лондон. Кореецот Сон Хеунг-мин го отвори резултатот со вистински еврогол во 13-тата минута. За Сон ова беше 10-ти погодок сезонава, колку што има целиот тим на Арсенал сезонава.

Водството на Тотенхем беше удвоено пред крајот на првото полувреме, кога Сон му се реваншираше на Хари Кејн и му асистираше на англискиот репрезентативец за погодокот. Со тој гол, Кејн стигна до 11 погодоци во дерби-дуелите на северен Лондон и сега е прв стрелец во историјата, надминувајќи го Емануел Адебајор.

За Кејн тоа беше и јубилеен 250-ти погодок во професионалната кариера.

- Оглас -

Најнови вести